| четврток, 6 декември 2018 |

Турција: Приведени 40 странци поради сомневање за врски со ИД

Турската полиција приведе 40 странци во Истанбул поради врски со Исламска држава, јави „Анадолија“.

Полицијата изврши апсења на 23 адреси во истанбулскиот кварт Фатих. Меѓу приведените се граѓани на Авганистан, Иран, Ирак и на Азербејџан.

За дел од нив има информации дека учествувале во борби во Сирија, додава медиумот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top