| четврток, 6 декември 2018 |

Тенисерката и фудбалерот во Белград: Ана шетала со старосватицата, Швајни со шурата

ana-svajni

Првпат по венчавката, брачната двојка Швајнштајагер е во српската престолнина. Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, кои неодамна се венчаа на свадбена церемонија во Венеција, стигнале во Белград во саботата вечер со лет од Минхен.

Ќерката и зетот на аеродром ги пречекал таткото на Ана, Мирослав со кого Бастијан развил добар однос. Папараците вчера ја уловиле популаната двојка како во еден ресторан руча со старосватицата на Ана, пливачката Мирослава Најдановски, со која потоа била на прошетка во еден парк, со нејзиниот брат Милош и со неговата девојка.

Остатокот од денот германскиот фудбалер го поминал со братот на Ана и со неговите пријатели со кои излегол и вечерта.

basti

Во моментов тенисерката паузира поради повреда, па ја искористила шансата да ја посети својата земја, а се чини и Бастијан ужива на Балканот.

Како што пишуват медиумите во соседството, Бастијан веќе почнал да посетува и часови по српски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top