| четврток, 6 декември 2018 |

Претставата „Прекината одисеја“ поздравена со огромен аплауз и со насолзени очи на публиката

Во саботата, во Македонскиот народен театар (МНТ) пред преполна сала се одигра праизведбата на претставата „Прекината одисеја“ од авторот Роберт Урбањски, во режија на Јацек Гломб. Салата беше преполна со гледачи, а меѓу нив и голем број деца-бегалци, а  крајот на претставата беше проследен со огромен аплауз  и низ солзи во очите се поздравуваше македонско-полската екипа.

Режисерот Гломб и целата актерска екипа беа задоволни како македонската публика го прифати овој театарски чин, кој зборува за трагичните судбини и страдањата на децата од Егејскиот дел на Македонија, кои завршуваат во Полска, децата што ја преживеале голготата на граѓанската војна во Грција, 1948 година.

Во рамките на претставата Прекината одисеја беше отворена изложбата насловена како „Децата бегалци”, подготвена во соработка на МНТ и Музејот на Македонија, а истата ќе биде од патувачки карактер и ќе патува заедно со претставата во Македонија и Полска.

Прекината одисеја од 20 до 29 септември ќе биде прикажана во повеќе градови низ Македонија:

20.9.2016 – Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово
21.9.2016 – Народен театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ – Велес
22.9.2016 – Народен театар „Антон Панов“ – Струмица
23.9.2016 – Центар за култура „Ацо Шопов“ – Штип
26.9.2016 – Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид
27 и 28.9.2016 – Народен театар Битола – Битола
29.9.2016 – Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп

Во ноември македонската актерска екипа патува за Полска каде што ќе гостува во 10 градови, меѓу другото и во Вроцлав, градот на европската култура.
Проектот е поддржан од министерствата за култура на двете земји и е од големо значење за продлабочување на заедничката соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top