Во јули прометот во индустриското производство изнесуваше 13,6% проценти раст во однос на претходната година, а за првите 6 месеци е нешто над 10%.
-Ова укажува дека работите се движат во една добра насока во делот на индустријата, прометот во индустријата расте и тоа со прилично задоволителна стапка. Сигурен сум дека тој раст ќе беше уште поголем доколку не беше политичката криза која што ја создаде опозицијата но дури и со една таква препрека можам да кажам дека имаме задоволителен раст на прометот во индустриското производство, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Тоа покажува, додава Груевски, дека многу мерки кои што ги презеде Владата во изминатиот период вродуваат со плод, помагајќи им на компаниите се помага и растот на економијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Данев: Изборен закон не се носи без консултации со опозицијата
-
Уште сме на почетокот: Проблемите во економијата ќе продолжат да се продлабочуваат
-
Мерките на владата поразителни: Лелеци во текстилната и кожарската индустрија која вработува 40.000 луѓе
-
Грчките опозициски партии со критики до Владата за прашањето за името