Мерката за бесплатен железнички превоз беше дел од програмата во 2014 година, предвидуваше бесплатен железнички превоз во секој трет викенд за младите во Македонија.
Веднаш по изборите започнавме да ја применуваме, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
-Подоцна во оние 40 проекти за млади одлучивме да ја прошириме и да не биде секој трет туку, секој прв и трет викенд во месецот. Можам да кажам дека одлично се спроведува затоа што до сега 84.000 млади луѓе ја искористија и заштедиле над половина милион евра, вели Груевски.
На тој начин овие заштедени пари останаа во џебовите на младите за да ги потрошат за некој друг приоритет, додава Груевски и потврди дека мерката ќе продолжи и во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


