Трет викенд по ред Нико Розберг ја докажува одличната форма и желбата за своја прва шампионска титула во формула 1 шампионатот. По Монца и СПА, возачот на Мерцедес извозе уште една одлична соло-трка со Дани Рикардо зад себе избегнувајќи го хаосот зад нив од почетокот до крајот. Додека возачите на првите две места не водеа речиси никаква битка, Луис Хамилтон и Кими Раиконен ја пренесоа битката во боксот за да конечно Британецот профитира и освои место на подиумот. Со новите 25 бодови, Нико Розберг ја елиминира бодовната разлика помеѓу него и тимскиот колега и повторно се врати на врвот. Германецот има 273 бода, Хамилтон 265.
Позната по често излегување на возилото за безбедност на патеката, ниту оваа трка за Големата Награда на Сингапур не беше ништо поразлична. Дел од болидите не го поминаа првиот свиок, а веќе имаше контакт и жолто знаме. Данил Квијат, кој по долго време започна трка од првите пет стартни редови (седма позиција, четврти ред), од надворешната страна се обиде да го претекне Нико Хулкенберг кој по контактот се заби во тимскиот колега на Квијат, Карлос Саинц. Трката за Хулкенберг заврши по неколку метри, жолтото знаме беше подигнато, а додека возилото за безбедност виртуелно одржуваше ред голем дел од возачите го искористија тоа за менување на сет пневматици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.