| четврток, 6 декември 2018 |

Наплатувале по 400 евра за непостоечко вработување во странство

oglasi_za_rabota

Двајца битолчани успеале да соберат преку 5000 евра, ветувајќи вработување во странство на 42 нивни сограѓани.

СВР Битола поднесе посебен извештај против М.К.(53) и С.К.(35), двајцата од Битола за продолжено кривично дело измама.

Во периодот од 2010 до почетокот на 2012 година, пријавените преку повеќе пишани и јавни медиуми објавиле реклами и огласи дека посредуваат при вработување во странство и со лажно прикажување и ветување довеле во зблуда 42 лица од повеќе градови во државата дека за паричен надомест од 2.300 до 24.000 денари ќе им обезбедат работа во странство. На овој начин од лицата наплатиле вкупно 313.480 денари, а ветената обврска не ја исполниле. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top