Вчера во 23,00 часот во СВР-Струмица, Ц.А. (29) пријавила дека истиот ден околу 22,00 часот додека била во с. Василево и се распрашувала за нејзиниот поранешен сопруг и пришле две непознати лица кои и рекле дека истиот го познаваат и дека знаат каде се наоѓа во моментот. Потоа сите заедно тргнале кон м.в. „Трските“ со намера да го најдат.
Кога пристигнале на една од нивите едното лице и ги фатило рацете и почнало да ја допира во пределот на телото. Откако истата почнала да се противи и да вика лицето со употреба на сила и ја затворило устата, по што физички ја нападнало удирајќи ја со шлаканици по лицето. Во тој момент другото лице му рекло да ја остави и си заминало, додека истиот продолжил на сила да се обидува да и ја соблече облеката.
Оштетената успеала да избега по што го пријавила случајот во полиција. Извршен е увид на местото на настанот. Пронајдени се двете лица и идентификувани. Се работи за А.Д.(18) и 15 годишен малолетник. По наредба на ЈО, А.Д. бил задржан во СВР-Струмица. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.