Српскиот дневен спортски весник „Спорт“ кој важеше за најстар спортски весник на Балканот од денес по 71 година, престана да постои, со што читателите ќе останат со еден избор помалку во информирањето за настаните од спортот и околу него.
„Повеќемесечното предупредување од страна на синдикатот на новинарите дека Ратко Дмитровиќ (директор и главен уредник на Вечерњи новости) не сака, а Саша Мирковиќ (сопственикот на Спорт) не знае да се занимава со најстариот спортски весник на Балканот, доби епилог и „Спорт“ згасна и повеќе не постои“, стои во соопштението споделено во соседството до јавноста.
Веќе извесен период весникот функционираше во тешки услови, новинарите и останатите вработени еден по еден си заминуваа неисплатени, а сето тоа по приватизацијата на медиумот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џес Бејли: Решавањето на спорот за името ќе придонесе за стабилноста на регионот
-
Видео кое УФЦ сака да го забрани: Поранешна шампионка едвај преживеала поради суровите методи на отстранување килограми! (видео)
-
И тоа се случи: Играњето на шипка стана спорт
-
Крај на ИСИС: Водачот на ИД Абу Бакр ал Багдади е мртов?