
СВР Скопје со кривична пријава до ОЈО Скопје за натамошна постака ги предаде лицата З.Ф. (27) и С.Љ. (19) двајцата од Скопје, поради основано сомнение дека извршиле седум кривични дела од кои две – “тешка кражба на МВ” и пет – “одземање на МВ“. Од страна на Истражен судија на двајцата одредена им е мерка притвор во траење од по 30 дена. Пријавените од почетокот на октомври минатата година до средината на април годинава одземале седум возила (од кои два мотоцикли), а три од возилата се уште не се пронајдени.
Првото од серијата кривични дела го извршиле на 06/07 октомври минатата година околу 23,45 часот кога на улицата “Стив Наумов“, спроти ресторанот Стара Куќа извршиле одземање на ПМВ “Порше Кајен“ со скопски регистарски таблички сопственост на Д.С. со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 6.000.000 денари. Притоа, пријавените возилото го однеле до мостот Сарај на реката Вардар, каде го оставиле, а потоа по телефон му се јавиле на А.И. (20) од село Крушопек, скопско кому претходно му се заканиле по неговиот живот при што истиот дошол на мостот и сам го одвезол возилото во атарот на село Грчец во близина на селските гробишта каде и го оставил, а З.Ф. и С.Љ. го сокриле и сеуште не е достапно на органите на прогонот.
Потоа на 28 октомври 2012 година во времето од 09.00 до 12.30 часот., на ул. “Никола Парапунов“, спроти влезот на “Механика“, пријавените одзеле ПМВ “БМВ Х-5“ со скопски регистарски таблички сопственост на С.Т. од Скопје, притоа стекнувајќи се со имотна корист од околу 4.100.000 денари. И во овој случај возилото го однеле до мостот Сарај на реката Вардар, каде го оставиле, потоа по телефон побарале од А.И. да го одвезе возилото во атарот на Грчец во близина на селските гробишта каде го оставил. Неколку дена по ова, поточно на 31 октомври З.Ф. и С.Љ. го однеле возилото на обиколница Скопје – Велес кај местото Радишани каде што возилото било забележано од вработен во фирмата на оштетениот, по што бил извршен увид и со потврда за вратени предмети било вратено на оштетениот.
На 02 ноември 2012 година околу 15,30 часот, З.Ф. и А.Љ. во село Матка извршиле тешка кражба на ПМВ “Сузуки Гранд Витара“ скопски регистарски таблички сопственост на С.Х. искористувајќи го моментот кога сопственикот ја отворал гаражата за да паркира а возилото било во погон со клучеви во бравата. Притоа во возилото имало сообраќајна дозвола за возилото, патна исправа, лична карта, возачка дозвола, штедна книшка од Тутунска банка, сите на име на пријавителот, несесер со 5.700 евра и 45.000 денари со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 1.500.000 денари. Како и во претходните случаи возилото го оставиле кај мостото во Сарај а А.И.. го однел во близина на селските гробишта во Грчец. Пријавените го сокриле возилото и тоа сеуште не е достапно на органите на прогонот.
Потоа на 03 спроти 04 ноември во времето од 20.00 до 07.00 ч. на ул. “Дрезденска“ одземале ПМВ “Опел Астра“ со скопски регистарски таблички сопственост на К.Ќ. со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 800.000 денари. И во овој случај постапиле исто како претходно а возилото сеуште не е достапно на органите на прогонот.
Исто така на 07 околу 17,30 часот на ул. “Ѓорче Петров“ спроти аптеката „Зегин “ одземале ПМВ “Шевролет Авео“ со скопски регистаски таблички сопственост на С.М. од Скопје, притоа стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 300.000 денари. Одземењето го извршиле на тој начин што ја искористиле можноста додека паркираното возило било со клуч во бравата да влезат и да се упатат кон населбата “Ѓорче Петров 2“. Таму на ист начин во соработка со А.И. го сокриле визилото. Истиот ден, оштетениот во времето од извршил неколку телефонски контакти со лица со цел пронаоѓање на одземеното ПМВ и околу 23.30 часот оштетениот си го “откупил“ возилото за 700 евра од две непознати лица. Наредниот ден во ПС ОН Ѓорче Петров пријавил дека возилото го пронашол и со него бил извршен разговор во кој го појаснил начинот на кој си го повратил возилото. Со потврда за привремено одземени предмети одземен е мобилниот апарат марка “Нокија Н96 70“, сопственост на оштетениот и врз основа на наредба на Истражен судија од Основен Суд Скопје I било извршено исчитување на дата податоците кои се наоѓаат во предметниот мобилен апарат. Од страна на МВР на РМ ЦПС ОКТ Скопје изготвена е фотодокументација од пристигнати и испратени СМС пораки од предметниот моб. апарат и врз основа на наредба од Истражен судија утврдено е дека сопственик на тој претплатнички број е А.Н. од Скопје, кој пак, според натамошната истрага стапил претходно во контакт со А.И. Во разговорот со А.Н. во ПС Карпош тој појаснил дека со оштетениот се познавал од одамна и дека се обидел да му помогне, а други детали од настанот не знаел.
На 10 март годинава, околу 13,00 часот З.Ф. и А.Љ. на ул. “Козле“ извршиле одземање на моторцикл “Хонда-ЦБР“ сопственост на М.Б., на тој начин што дошле до гаражата на која вратата била отворена, го одзеле моторот и без да бидат забележани се упатиле кон Сарај и со помош на А.И. на ист начин како претходно го сокриле, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 180.000 денари. Десет дена подоцна во атарот на с.Горни Грчец од страна на СВР Скопје моторцикалот е пронајден, извршена е крим. техничка обработка и со потврда е вратен на оштетениот.
Во периодот, пак, од 14 до 16 минатиот месец во с.Љубин, поточно од гаражата сопственост на М.А. двајцата пријавени извршиле одземање на моторцикл “Сузуки CSR 600“, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 500.000 денари. Како и во претходните случаи, во соработка со А.И. моторциклот го сокриле, но на 17 април од страна на оштетениот Ахметовиќ моторциклот бил пронајден во атар на с.Љубин, во непосредна близина на фудбалското игралиште.
По добиени наредби од ОСС-1 Скопје од страна на СВР Скопје, завчера беше извршени претреси во домовите на З.Ф., С.Љ. и А.И. при што по завршувањето на претресите лицата се приведени во ПС ОН Карпош за извршување на разговори со истите. Во разговорот А.И. појаснил дека во врска со кражбите во повеќе наврати ги возел горенаведените украдени моторни возила и тоа најчесто од мостот на реката Вардар на влезот во Сарај до с.Грчец. во ридскиот дел каде по наредба на двајцата пријавени ги оставал, а возилата ги возел затоа што бил под постојана закана од С.Љ. кој ги крадел возилата заедно со З.Ф., и двајцата потоа откако ќе ги извршеле кражбите по телефон му се јавувале и тој од страв постапувал по нивните наредби.
СВР СКопје во моментов работи на расчистување и на други вакви кривични дела за коишто постојат индициите дека во нивното извршување се инволвирани двајцата пријавени Инаку, во крим. евиденцииите на СВР Скопје С.Љ. не минува, додека З.Ф. е евидентиран како сторител на кривични дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


