Денеска се отвори нов компелкс Мијачки Ан, кој се наоѓа во близина на манастирот „Свети Јован Бигорски“. На отворањето настапи ансамблот „Македонија“.
Уметниците ја воодушевија публиката презентирајќи традиционални мијачки песни, а преку звуците на зурлите и тапаните и изведбата на најпознатото мијачко оро „Тешкото“ потсетија на некои заборавени времиња и го оживеаја духот на Мијаците.
-Голема благодарност упатуваме до игуменот на светиот Бигорски манастир, архимандрит Партениј и до монасите од манастирот, кои ни приредија свечен прием во најголемиот духовен храм во Македонија – велат од ансамблот „Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ансамбл „Македонија“ одржа концерт со божикни песни во „Св. Јован Бигорски“ (галерија)
-
„Радосна тага“: Исповед на поранешен зависник, кој спасот го пронајде во Бигорскиот манастир
-
Бигорски го одбележува патронот, братството збогатено за три члена
-
Писателите на поетска средба во манастирот „Св. Јован Бигорски“