Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се закити со трофеј на ИТФ-фјучрсот во Добрич, Бугарија, откако во финалето во двојки со својата партнерка Изабела Шиникова (Бугарија) славеше над германско-норвешката двојка Лаура Шедер и Мелани Стоке (6-7, 6-2 и 10-6).
Македонско-бугарската двојка го загуби првиот сет со 6-7, но во вториот одигра феноменално, со два брејка дојде до водство од 4-0 и мирно изедначи. Во третиот решавачки сет кој се игра до 10 поени прва до целта дојде нашата тенисерка, која заедно со Бугарката се изборија за триумф од 10-6.
Ѓорческа претходно во полуфиналето ги заврши настапите во сингл-конкуренција, каде загуби токму од својата партнерка во двојки, Изабела Шиникова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.