До крајот на годината целосно ќе се завршат инфраструктурните работи во поплавените подрачја и ќе биде целосно исплатена оштетата во поплавените подрачја. 3003 домаќинства веќе го имаат добиено авансот од по 500 евра, а се очекува по донесување на ребалансот на Буџетот да почне и со исплата на целосната оштета. Во инфраструктурата во населените места опфатени со поплавата ќе бидат инвестирани шест милиони евра, а дополнително уште шест милиони евра во обнова на обиколницата на која се очекува да се почне со работа за еден до два месеца.
Ова беше посочено при денешната посета на населеното место Стајковци од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, минситерот за здравство Никола Тодоров и градоначалниците на Град Скопје Коце Трајановски и на општина Гази Баба Тони Трајковски.
– ВМРО-ДПМНЕ е водечка и најодговорна партија во Македонија и како таква ние кога се случија поплавите дадовме цврсти ветувања дека работите ќе се вратат во нормала и дека ќе се направат максимални напори од страна на државните институции да се дојде до ревитализирање на целиот овој крај. Тоа ветување веќе почнува да се раелизира и денеска како што може да се забележи почнато е со асфалтирање на улиците во Стајковци – изјави Груевски при посетата.
Истакна дека вкупно ќе се асфалтираат 56 улици од кои три се веќе асфалтирани, на 11 се врши подготовка, а на останатите ќе се почне со работа во наредните денови.
– Ќе се работи не само во Стајковци, туку и во целиот регион што беше погоден и беше оштетена инфраструктурата. Овие денови се почнува со крупна реконструкција и обвнова. Она што е интересно за ова населено место, а верувам така ќе биде и во другите во оваа акција, освен што се асфалтираат оние што и претходно биле асфалтирани, ќе се асфалтираат и огромен број улици кои никогаш претходно не биле асфалтирани. Така што ќе се овозможи поквалитетен живот на граѓаните, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што посочи, во обнова на инфраструктурата во општина Гази Баба се планира во наредните три до четири месеци, зависно од временски услови да се инвестираат шест милиони евра и дополнително во некои други општини како Сопиште. Средствата во износ од шест милиони евра, подвлече, ќе се инвестираат и во обнова на обиколницата околу Скопје во делот каде што беше оштетена. На обнова на обиколницата, беше посочено, треба да се почне со работа за еден до два месеца.
– Тоа е наша заложба што ја дадовме уште првиот ден кога се случија поплавите и како и секогаш како политичка партија држиме до ветениот збор и го исполнуваме тоа што им го ветивме на граѓаните. Денеска дојдов да го посетам заедно со некои партиски соработници да ги разгледаме работите на терен да видиме како се одвиваат бидејќи тоа секогаш дава најдобра информација и поттикнува идеи за нешто ако може да се забрза. На терен можев да забелажам дека граѓаните гледаат дека се реализира она што е ветено, истакна Груевски.
Од поплавените подрачја, истакна, досега авансот од 500 евра го имаат добиено 3003 домаќинства, а останатите не се исплатени бидејќи има проблем со документација, која ќе се решава со изјава на нотар за да може во наредните пет дена, како што било одлучено на седница на Влада да бидат исплатени.
Паралелно се работи и на подготовка за исплата на целата штета, за што треба да помине ребалансот на Буџетот.
Никола Тодоров информираше дека проценките се во завршна фаза и оти исплатата ќе оди парцијално, но оти се се гледа да се исплаќа во релативно краток период.
Владата, рече, донеле одлука и за исплата на штеата во Ѓорче Петров, Лисиче, Чаир, Бутел, Кисела Вода и дополнително ќе биде вклучено Шуто Оризари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер