| четврток, 6 декември 2018 |

Шкупи стигна до првата победа со гол во судиското продолжение

skupi

Шкупи успеа да стигне до првата победа во новата сезона од Првата лига, совладувајќи го Пелистер на празниот „Чаир“ со 2-1. Победничкиот погодок беше дело на Димитрија Лазаревски во 90.минута од натпреварот.

Избраниците на Висар Ганиу први поведоа. Во 26.минута, Бесар Исени ја затресе мрежата на Пелистер и го доведе својот тим во водство од 1-0. Сепак, „зелените“ не се предадоа. На самиот старт од вториот дел, гостите израмнија со погодокот на Лукас Фереира Кардосо.

Шкупи бараше триумф во продолжението, а успеа да стигне до трите бода во самиот финиш. Лазаревски беше стрелец на погодокот за прв триумф во новиот шампионат.

По овој пораз, Пелистер и понатаму се наоѓа на третата позиција со 10 освоени бода, додека Шкупи е на седмото место, со пет бода на контото.

Останатите натпревари од шестото коло во Првата фудбалска лига на Македонија ќе се одиграат утре, со почеток од 15.30 часот, а се среќаваат: Вардар – Работнички, Шкендија – Македонија ЃП, Победа – Брегалница, Силекс – Ренова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top