Во морето скапи препарати за избелување на забите и во уште поголемото море на познати личности кои ги рекламираат, навистина е тешко да се пронајде вистинскиот кој ќе даде ефект, а нема да чини цело богатство. Наместо да се удавите во морето скапи избори, ви нудиме евтин, испробан и делотворен трик од кујната.
Со алуминиумска фолија можете да направите најдобар домаше третман за избелување на забите. Делува лудно, во текот на третманот ќе изгледате како рапер со сребрени навлаки на забите, но резултатите вредат да го издржите тој визуелен хорор.
Потребно е да земе парче фолија, паста за заби и сода бикарбона. Измешајте ја пастата со содата за да добиете компактна смеса.
На парче фолија доволно долго и широко да ги прекрие сите заби нанесете ја смесата, а потоа преслечете ги забите, за да изгледа како на сликата.
Внимавајте да не се повредите, зашто фолијата може да ви ги пресече усните.
Седнете, чекајте и замислувајте си дека сте Мадона.
По правило третманот би требало да делува еден час, но толку долго изложување на глеѓта на забите на хемикалии не е препорачливо, па затоа изведете го 15 минути. Дури и ако имате многу дамки од кафе, чај и цигари, резултатите ќе бидат видливи по првиот третман.
Како и со сите други природни третмани нема да можете да ги избелите забите како да сте холивудска ѕвезда, но можете да ја повратите природната боја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.