| четврток, 6 декември 2018 |

Менаџерот на Челси по дербито: Деталите го одлучија мечот

antonio-konte

Менаџерот на Челси, Антонио Конте, не го криеше разочарувањето откако го претрпе првиот пораз на чело на лондонскиот клуб, губејќи од Ливерпул со 1-2. Италијанскиот стратег посочи дека невниманието на одредени детали во играта придонело „сините“ уште во првото полувреме да се најдат во негатива од два гола, разлика што не успеаја да ја надополнат во вторите 45 минути.

– Така е тоа во фудбалот, кога не се внимава на детали, се губи. Примивме два наивни гола, првиот по слободен удар што Ливерпул брз го изведе, вториот по аут кој кој гостинскиот играч остана сам во позиција да шутира и постигна прекрасен погодок. Фактот дека овој тим, кој пред две години беше првак, а лани го освои само десеттото место, очигледно има оставено трага врз фудбалерите на психолошки план. Затоа, сите ние мораме да работиме напорно, за Челси да се врати онаму каде што припаѓа. Победуваме како тим и губиме како тим, затоа одговороноста за овој пораз треба да ја превземат сите, почнувајќи од мене како тренер, до сите фудбалери – изјави Конте.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top