| четврток, 6 декември 2018 |

Бирарија „Балкан“ – Првата пиварница во Македонија

Првата пиварница во Македонија е отворена во 1890 г. во месноста Буковски лозја покрај реката Драгор, во близина на Битола, која работела пет години и поради недостиг на капитал, квалификувана работна сила и конкуренција од Солунската пиварница истата престанува со работа.

Во литературата се спомненува податок дека во 1904 год работела фабрика за пиво во Битола. Недостигаат податоци за техничка опрема, производство, работна сила и сл. За потребите на пиварницата мраз се носело од с. Ореово.

Кон крајот на XIX  век во с. Магарево, Трново, се изградила нова пивара но и таа ја имала истата судбина како претходните.

Битолската пиварница во новата историја започнала со работа во 1972 година.

Извадок од „Историски развој на индустријата во Битола и Битолско“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top