| четврток, 6 декември 2018 |

Секогаш глумеше сиромав и слуга, но во реалниот живот е многу богат (ФОТО)

Лазар Бараков стана препознатлив по улогите во македонските народни приказни каде најчесто беше сиромав или слуга, а во никој случај не треба да ги заобиколиме и улогите во: „Трст виа Скопје“, „Тврдокорни“, „Марка“, „Поглешно време“ …

Сепак, македонските народни приказни остнаа обележје на Лазар, а во врска со улогите кои ги имаше знае да каже:

lazar-barakov-76799

„Повеќето улоги кои ми ги даваа мене, другите колеги не ги сакаа зошто ги сметаа за понижителни, но јас ги сакав зошто секоја улога е важна и убава“, констатира Бараков.

Сепак, во реалниот живот Лазар е далеку од сиромаштијата бидејќи го има најголемото богатство што може да го посака еден човек.

Тој е татко дури на три деца со кои особено се гордее, како и тие со него.

Она што можеби е малку познато, е тоа дека неговите деца, Македонка, Викторија и најмалиот Александар Бараков имаа улоги во приказните уште од мали.

barakov-76795
Денес тие се уште го придружуваат својот познат татко, но не во приказните, туку се негова константна поддршка во се што прави, каде и да се појави.

Па така на неодамна одржаната кавадарчечка вечер во Скопје, Лазар се појави во друштво на ќерката Викторија.

bvg-76793

Животното сценарио на Бараков во реалноста има сосема поинаква приказна од онаа по која се трасираше неговата кариера.

md-76796

Со три прекрасни деца, Бараков навистина е богат човек!

vg-76794

Извор: Сител.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top