Секој кој над креветчето на ова новороденче во породилиштето во Кингстон забележал виолетова пеперутка помислил дека тоа е симпатична идеја. Сепак, зад овој гест стои нешто сосема друго.
Виолетовата пеперутка означува дека новороденчето на свет дошло со братче или сестричка, кое за жал починало.
Идејата за виолетовата налепница ја добила Мили Смит, која накратко била мајка на близнаци. По само три часа семејството се збогувало со едно од бебињата.
Мили и Левис се збогувале со нивниот мал ангел… Мајката потоа неколку дена минала со другото бебе во болницата и дошла до идеја како тоа да им се соопшти на другите родители. Таа предложила мала виолетова пеперутка до едно од бебињата, со што медицинскиот персонал ќе си го олесни соопштувањето на тажната вест.
Породилиштето во Кингстон веднаш го прифатило предлогот, а Мили веднаш започнала кампања за собирање средства за печатење на етикетите, бидејќи знаела дека не е единствена со таква тажна судбина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.