Полната месечина на 16 септември ви носи можност да се прочистите и ослободите од сите стравови што ве спречувале емотивно да се поврзете со друга личност. Ќе сфатите дека веќе не сте жртви или маченици. Сега е моментот да си простите себе си и на сите оние кои ве мачеле во претходните врски.
За време на полната Месечина, засилената енергија на Сонцето и Месечината е во спротивни знаци на зодијакот. Ова создава „јинг и јанг“ соларни и лунарни хармонии. Светлината на сонцето ќе ја осветли нашата потсвест и сите стравови и несигурности кои во неа живеат.
На почетокот ова на многумина ќе им биде крајно нелагодно бидејќи ќе се чувствуваат голо на толкава отвореност. Меѓутоа, многу ќе се чувствуваат и ослободено бидејќи конечно ќе станат личностите кои би сакале да бидат.
Конечно ќе бидете слободни да сакате.
За време на претходната млада Месечина станавме до некаде свесни за нашите романтични желби и начини на кои можеме да повикаме љубов во животот.
Полната Месечина сега нуди романтични можности и важно е да почнете да верувате во интуиција и да ја прифатите приликата да во животот донесете вистинска љубов.
Еве неколку начини на кои тоа можете да го направите:
Ризикувајте. За да бидете успешни, морате да ризикувате и да се изложите пред светот. Сепак, потребен ви е план бидејќи не можете да одите низ животот следејќи го единствено срцето, потребен ви е и умот. Ако сте ковале важни планови за да пронајдете љубов, полната Месечина е времето кога можете на своите романтични соништа да им дадете опиплива реалност. Сега имате прилика да бидете креативни и да пронајдете нови места за дружење и запознавање нови љубови. Сега конечно дојде моментот да се посветите на врската.
Бидете подготвени на одбивање. Негативно искуство може да биде поразувачко и да ве обесхрабри за понатамошни акции, но сега е вистинскиот момент да го направите баш тоа – обидете се повторно.
Совршенството веќе не е неопходно. Полната Месечина во Риби ќе ви пружа емотивен капацитет да себе си се прифатите онакви какви што сте бидејќи никој не е совршен. Таа свест ќе ви помогне да бидете помалку критични кон другите.
Уживајте во интензивни врски. Сега е убаво време да почнете да излегувате почесто и да се дружите. Лицата кои во тие прили ќе ги запознаете сега ќе имаат место во вашиот живот – било како симпатии или како добри пријатели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вечерва е полна месечина- направете го ова и ќе се збогатите
-
Синоќа на небото светеше полна Месечина: Денеска земете ловоров лист, пенкало, капаче и седум метални парички…
-
Време е да се изборите со негативното минато – што ни носи полната Месечина вечерва
-
Ја гледате вечерва и после 70 години пак: Што треба да направите на полна месечина?