| четврток, 6 декември 2018 |

Време е да се изборите со негативното минато – што ни носи полната Месечина вечерва

месец

Вечерва не очекува полна Месечина и можеби мислите дека тоа нема никакво влијание врз вашиот живот, но се лажете.

Ноќите на полна месечина можат да донесат порамнување на нашите желби, па во таа прилика сами ја креираме својата судбина. Полниот месец овојпат најмногу ќе го осетат оние кои имаат Сонце, Месечина или подзнак или некоја планета меѓу 21 и 28 степен во Водолија, Лав, Бик и Шкорпија.

Сепак имагинацијата и интуицијата ќе проработат без оглед на хороскопксиот знак или положба на планетите. Но со полната месечина расте и непромисленоста од која треба да се чуваме. Полната Месечина ќе ви помогне да се изборите со негативното минато.

Оваа волшебна ноќ ќе го отвори периодот кој ќе трае до 30 август во кој ви престојат нови вести, средби, разговори и информации кои ќе го унапредат вашиот живот.

Целиот овој период носи растеретување, и после него ќе бидеме почисти и подготвени да ја зграбиме среќата. А таа доаѓа побрзо од што се очекува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top