Обвинителката ни под разно не може да бара измени на законите, бидејќи не е надлежна за тоа. Може да бараат тие што се надлежни за тоа, дециден е координаторот на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери во врска со изјавата на Јанева, која вчера апелираше до законодавниот дом да ги донесе измените на Законот за заштита на сведоци кои ги поднесе СЈО за да може оваа институција,како што вели Јанева, да навлезе во сржта на предметите за Мартин Нешковски, „Монструм“ и „Сопот“.
Џафери вели дека треба да се разделат две различни работи кога се работи за нивната поддршка на оваа институција.
-Едно е поддршката за СЈО според законот кој е изгласан, а друго е тоа што формално како барател не може да се појави СЈО. Иницијатива може да има секој. А предлог е друго. Предлог за измени може да поднесат 10 илјади граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.