Повеќе од 170 нови затвори ќе бидат изградени во Турција во текот на следните пет години, соопшти турското Министерство за правда, објави „Хуриет“. Министерството прецизираше дека вкупно 174 затвори ќе бидат изградени во земјата за да има доволно места за затворениците, чијшто број нагло се зголеми по масовните апсења по обидот за преврат на 15 јули.
Во новите затвори ќе бидат сместени околу 100 илјади луѓе, објасни Министерството за правда. Одлуката на Министерството е објавена откако група затвореници во округот Текирдаг (северозападна Турција) поднесоа претставки, во кои посочуваат дека шестмина затвореници престојуваат во ќелии за тројца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.