| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес од четири степени во јужна Турција

Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска во областа Газијантеп, во јужна Турција, јави турската телевизија НТВ, повикувајќи се на извештај на Дирекцијата за справување со непогоди и вонредни состојби.

Епицентарот на потресот бил во градот Нурдаги, на длабочина од 7,26 километри, пренесува БТА. Засега нема информации за повредени, ниту, пак, за материјални штети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top