Денешното рочиште за случајот „Пуч“ е одложено поради, како што информираат од Кривичниот суд, неприсуството на еден од поротниците, кој доставил известување дека не може да присуствува од здравствени причини.
Од Судот информираат дека се утврдени новите термини за рочиштето на 1, 3 и на 7 ноември.

На рочиштето денеска се појавија специјалната обвинителка Катица Јанева и двајца од осомничените, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и поранешниот прв разузнавач Зоран Верушевски.
– Рочиштето за „Пуч“ се одложи по вина на Судот бидејќи еден од поротниците се разболел. Реагирав на таа одлука и реагирав на одлуката да се одложи за 1 ноември, бидејќи сметам дека ваков предмет е од итна природа, бидејќи луѓето што се опфатени имаат мерки за претпазливост и трпат ограничувања на својата слобода- изјави Јанева. За потсетување, Јанева на 2 март бараше одложување за мај бидејќи имала семејна веселба, свадба во април, а рочишта се одложуваа и заради барања на СЈО, но и заради тоа што претседателот на СДСМ не се појавуваше на закажаните судења.

Предметот „Пуч“ го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а Специјалното јавно обвинителство го презеде овој случај, бидејќи е поврзан со незаконското прислушување.
Во случајот „Пуч“ обвинети се поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, општинскиот службеник од Струмица Бранко Палифров, лидерот на СДСМ Зоран Заев и Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР. Тие се осомничени за неовластено прислушување, шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи.
Заев и Верушевски и денеска дојдоа и заминаа од Судот заедно, со едно возило „ауди“ со струмички таблички.

Кога специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го ослободи од притвор првоосомничениот, Зоран Верушевски, сопругата на Верушевски, Соња, место на Јанева му се заблагодари на Зоран Заев, што за многумина бше показател дека Заев е нарачателот, а Јанева е само марионета во рацете на Заев, која ги исполнува неговите наредби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


