Македонскиот репрезентативец Ромео Тревис нема да биде дел од составот на кошаркарската репрезентација на Македонија на последниот меч против Унгарија во квалификациите кој се игра в сабота.
Тревис, наместо да патува за Шолнок со останатите кошаркари, ќе замине порано во САД, пред да им се врати на клупските обврски во неговиот нов клуб, италијанскиот Канту.
По завршувањето на натпреварот во Кавадарци и поразот од Велика Британија, Американецот побарал да си замине, а селекторот Драган Раца му дал дозвола за тоа, па во Солнок нашите репрезентативци ќе настапат без неговите услуги.
Попладнево во 15 часот, нашата селекција заминува за Солнок, каде што в сабота од 16.30 часот ќе го одигра последниот меч од овој квалификациски циклус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Селекторот Давитков добил отказ од клубот: Репрезентацијата на Македонија е една, клубови имало и ќе има
-
Македонија против Словачка и Швајцарија во претквалификациите за ЕП 2021
-
Клучен меч за Македонија: Нашите кошаркари од 17.30 часот на мегдан со Естонија
-
Цените популарни, за 200 денари бодрете ја македонската кошаркарска репрезентација