| четврток, 6 декември 2018 |

Рафали кај Градска: Две лица на мотоцикл пукале во БМВ

илустрација

Доцна соноќа, во 23.35 часот, на автобуската постојка кај хируршката болница „Св. Наум Охридски“, поранешна Градска болница, две непознати лица на моторцикл во движење испукале неколку рафали кон патничко возило БМВ, со кое управувал 18-годишниот С.К. од Велес, потвдуваат од МВР за „Република“.

Лицата веднаш се оддалечиле од местото на настанот, а во инцидентот, за среќа, нема повредени.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, пронајдени се чаури, а по сторителите се трага.

МВР најави повеќе детали во текот на денот.

фото: илустрација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top