Предупредувањето од ФБИ, дека сите би требало да ги покријат веб-камерите на своите компјутери за да спречат да бидат предмет на шпионирање, го поддржа и директорот на оваа институција Џејмс Коми, дополнувањети дека тоа е „разумна работа“, која луѓето можат да ја направат.
Ако веб-камерата остане отворена, тоа значи дека хакери можат да влезат во неа и да гледаат сè што прават корисниците, тврдат стручњаците за безбедност, јавува „Гардијан“.
Претходно оваа година, беше потврдено значењето на овие тврдења, откако се појавија фотографии на кои основачот на Фејсбук, Марк Зукерберг ја покри камерата на својот компјутер.
Директорот на ФБИ изјави дека сите канцеларии на американската Влада ги покриваат веб-камерите и дека истото би требало да го направат и обичните граѓани.
– Има некои реазумни работи што би требало да ги направите, а ова е една од нив – изјави Коми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.