| четврток, 6 декември 2018 |

Послаб земјотрес почувствуван утрово во Скопје

Утрово во 04.55 часот во Скопје и околината беше почувствуван послаб земјотрес од 1,6 според Рихтеровата скала, а со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, го регистрира земјотресот во источниот дел на скопското епицентрално подрачје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top