| четврток, 6 декември 2018 |

Поради безбедносни причини: Затворена британската амбасада во Турција

Амбасадата на Велика Британија во Анкара денеска ќе биде затворена поради безбедносни причини, соопшти Амбасадата.

Како и поголемиот број дипломатски мисии во Турција, и британската амбасада беше затворена за конзуларни работи за време на празникот Курбан-бајрам, кој почна во понеделникот, но беше планирано денеска да почне да работи.

И Амбасадата на Германија во Анкара соопшти дека мисијата до денеска ќе „работи со ограничени капацитети“ и „ќе остане затворена за јавност“. Весникот „Билд“ објави дека поради страв од напади нема да работат ниту германските училишта во Турција.

Турција годинава беше цел на низа напади од џихадистичките и курдските екстремисти, а амбасадите повремено беа затворани поради безбедносни причини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top