Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вечерва доживеаа пораз со реултат од 1:0 од холандски Феенорд во премиерниот дуел од овогодинешната Лига Европа. Менаџерот на „Црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо истакна дека според него подобриот тим изгубил.
– Секако дека не сум среќен. Изгубивме во мечот во момент кога тоа не го заслуживме, истакна Мурињо по дуелот.
– Вториот дел беше подобар од првиот. Во второто полувреме мечот беше изедначен. Имавме потполна контрола, се обидувавме да победиме, а тие постојано бегаа од поораз. Двојна несреќа беше и повеќе од очигледниот офсајд, изјави тој.
Португалецот потоа се осврна на притисокот од јавноста кон неговите играчи.
– Ќе бидеме тим кој сите ќе сакаат да го победат во Лига Европа. Не сакам да зборувам лично за играчите, очигледно е дека некои се подобри од останатите. Некои пак, го играа првиот меч, заврши португалскиот стратег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Извлечени осминафиналните парови во Лига Европа: Милан на мегдан со Арсенал, Спортинг на Ристовски доби лесен противник
-
Жестока тепачка на тренингот на Феенорд (видео)
-
Вардар вечерва со мечот против Розенборг завршува со настапите во Лига Европа
-
Единаесет екипи обезбедија пласман во нокаут фазата на Лига Европа