| четврток, 6 декември 2018 |

За пратеници во руската Дума ќе може да се гласа и во Почесниот конзулат на Руска Федерација во Битола

133322290-76606

Државјани на Руската Федерација кои престојуваат во Македонија ќе може да гласаат на претстојните избори за пратеници на Државната Дума на Руското Федерално Собрание закажани за 18 септември (недела) и тоа еден ден порано во просториите на Почесниот руски конзулат во Битола, соопштија од Конзулатот.

– Со цел да се реализираат правата на руските државјани кои живеат во Република Македонија, поточно во општините кои спаѓаат во конзуларнoтo подрачје на Почесниот конзул на Русија во Битола (Битола, Кривогаштани, Крушево, Могила, Новаци, Прилеп) имаат можност да учествуваат во предвремено гласање кое ќе се одржи на 17 септември (сабота) 2016 година од 8.00 до 20.00 часот на гласачкото место во просториите на Почесниот конзул на Руската Федерација во Битола: ул.Маршал Тито, бр. 28, тел. 078/251­356, стои во соопштението.

Воедно, се наведува, дека во ова гласачко место, своето избирачко право можат да го остварат и Русите кои имаат постојан престој во Македонија или се наоѓаат овде врз основа на приватна покана, во службена, работна или туристичка посета со важечки руски пасош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top