| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Србија: Син ги убил своите родители, па цела вечер седел покрај нивните тела

policija-srbija

Брачниот пар М.Ш. и С.Ш. се пронајдени мртви денеска околу 12:30 часот кога полицијата на пријава на нивната ќерка, бидејќи не и се јавувале, влегла во нивната семејна куќа во Лукинич Брдо. По влегувањето во домот, покрај безживотните тела на сопружниците седел нивниот 19 годишен син С.Ш.

Според информациите, убиството се случило вчера во текот на денот, а 19 годишното момче полицајците веднаш го однеле на распит.

Според зборовите на мештаните, ќерката на брачниот пар утрово кога дошла пред куќата, наишла на заклучена врата. Никој не отворал, поминувала околу куќата и видела на маса во внатрешноста како гори свеќа.

Немала идеја што се случува, па истрчала кај првите соседи за да дознае дали ги виделе нејзините родители, по што се јавиле во полиција.

Полицијата спроведува истрака како би се расветлиле околностите за трагедијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top