Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од седум до 16, а дневната од 26 до 32 степени. Во Скопје утре исто така сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 30 степени.
Во сабота попладне и во недела ќе биде нестабилно со локален развој на конвективна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и југоисточните делови од земјава.
Позначителна промена на времето ќе има во понеделник кога ќе преовладува облачно и свежо време со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат обилни. Температурата значително ќе опадне, а на места ќе биде и за десетина степени пониска во однос на претходните денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.