| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ побара ревизија на границите на изборните единици

talatКоординаторот на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери, поднел предлог до координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и на ДПА за ревидирање на границите на изборните единици и изедначување на бројот на гласачите по ИЕ.

Државната изборна комисија веќе соопшти дека во шестата изборна единица има 5,28 отсто повеќе гласачи од законски дозволеното.

„Треба да се ревидираат границите на изборните единици за да нема ситуација каква што е сега од една до друга единица да има разлика и од 30.000 гласачи“, стои во образложението. Од ДУИ велат дека треба да се елиминираат сите можности изборите на 11 декември некој да ги прогласи за нелегитимни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top