| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов и Андонов на првиот час од новата академска година на Воената академија

Првиот час од новата академска година на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје денеска го одржа претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој говореше на тема „Геостратегиска и геополитчка положба на Република Македонија во бегалската криза“.

– Географијата како траен фактор на политиката повторно стапува на сцена и нам ни останува да се прилагодиме и подготвиме за значајните промени кои претстојат и со кои ќе треба да се справиме, пред сè да го сочуваме она што го имаме , а тоа е сопствената држава. Сите треба да дадеме личен пример и придонес за остварувањето на таа цел, порачал претседателот Иванов соопшти денеска МО.

andonov-voena-akademija

Деканот на Воената академија, полковникот Орце Поповски, пред присутните нагласил дека Академијата од своето основање дава значителен напредок и квалитативен и квантитативен придонес во рамки на системот за одбрана со нови високообразувани старешини и студенти од областа на одбраната, безбедноста и управувањето со кризи.

На свеченоста по повод почетокот на новата академска 2016/2017 година на 20-тата класа питомци на Воена академија, соопшти денеска МВР, присуствуваше и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Оливер Андонов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top