| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО ќе ги издржи и овие нарачани политички случаи и ќе остане со народот

Специјалното јавно обвинителство денеска даде најдобар пример за двојните аршини по кои работат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Обвинителката Фатиме Фетаи тргна отворено против сите граѓани кои одлучија да излезат на протест против спречување на изградбата на црквата во општина Центар, откако и претставници на Македонската православна црква и Здружението на граѓани „Веритас“ се спротивставија на намерите на Андреј Жерновски и советниците на СДСМ да не дозволат да се гради црквата „Свети Константин и Елена“.

Обвинителката Фатиме Фетаи реши да тргне против верниците кои имаат уставно загарантирано право на протест и имаат право да го изразат сопственото негодување со политиките на Жерновски и СДСМ, само заради тоа што предизвикале материјална штета од 20 евра. Фатиме Фетаи и Катица Јанева ги игнорираат штетите од милиони евра предизвикани од вандалите на платеничката револуција.

Фатиме Фетаи и Катица Јанева ги игнорираат повиците на аболицираниот криминалец Зоран Заев и Радмила Шекеринска и нивната поддршка во палењето, демолирањето, ограбувањето и уништувањето на институции и културно-историски споменици при вандалското однесување на членовите на платеничката револуција.

Фатиме Фетаи и Катица Јанева имаат само една цел. Се обидуваат неосновано да го оцрнуваат раководството на ВМРО-ДПМНЕ само заради тоа што било и ќе биде на страна на народот. Фатиме Фетаи и Катица Јанева не го познаваат ВМРО. ВМРО издржало многу покритични напади од нивните. ВМРО ќе ги издржи и овие нарачани политички случаи и ќе остане со народот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top