| четврток, 6 декември 2018 |

Руските хакери повторно нападнаа, овој пат цел се и велосипедистите

Doping-and-History-in-Sports1

Руските хакери, кои пред нешто повеќе од 24 часа објавија документи на кои сестрите Вилијамс се позитивни на допинг, повторно ја нападнаа страницата на Светската антидопинг агенција (ВАДА). Овој пат на листата на спортисти што користеле суплементи што се на црната листа на ВАДА се најдоа 25 имиња, меѓу кои и поранешни шампиони на велосипедската турнеја Тур де Франс, Бредли Вигинс и Крис Фрум, како и тенисерката Квитова.

Според објавените документи, на спортистите од списокот во неклку наврати им е дозволено да користат забранети лекови поради терапевтски цели и тоа за време на натпреварување.

На листата се најдоа:

Бетани Малек Сендс (тенисерка, има освоено гранслем во двојки)
Бритни Гринер (кошаркарка, златен емдал во Рио)
Џон Конџер (пливач, злато во Рио)
Дагмара Вознијак (мечување, екипна бронза во Рио)
Дијана Прајс (кладиво)
Барон Меквин (ватерполо)
Кетлин Бејкер (пливачка, злато и сребро во Рио)
Мишел Картер (фрлање ѓуле, олимписка шампионка)
Сем Дорман (скок во вода, сребро во Рио)
Тервел Иваилов Длагнев (борач)
Бредли Вигинс (велосипедист)
Чарли Хал (голфер)
Кристофер Фрум (велосипедист)
Хедер Фишер (рагби)
Сем Таунсенд (веслач)
Блум Пернил (пливчка, олимписка шампионка)
Миша Алојан (боксер, сребро во Рио)
Наталија Мадај
Петра Квитова (тенисерка)
Роберт Хартинг (фрлач на диск)
Франциска Хенке (пливачка)
Кристина Обергфол(фрлање копје)
Кристијан Фом Лен (пливање)
Кристијан Рајхарт (пливање)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top