Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) соопшти дека руската група „Фенси берс“ ги хакирала нивните документи.
ИААФ соопштува дека тоа се случило во текот на минатиот месец и дека цел биле документите за дозволите за употреба на терапевтските лекови (ТУЕ), но нема потврда дали е нешто украдено. За компјутерскиот напад се известени и спортистите кои аплицирале за ТУЕ.
– Наш приоритет е спортистите да бидат заштитени и сигурни. Искрено им се извинуваме, целосно сме посветени да направиме сѐ што е во наша моќ да ја поправиме ситуацијата и работиме на тоа со најдобрите организации во светот – изјави претседателот на ИААФ, Лорд Коу.
Групата „Фенси берс“ минатиот септември „влезе“ во базата на Светската антидопинг агенција (ВАДА) и ги обелодени имињата на спортистите кои употребувале забранети лекови, но со дозвола на ВАДА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.