ПС Прилеп поднесе кривична пријава за Д.П .(54) од Прилеп вработен во една банка поради постоење основи на сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување.
Пријавениот како референт за работа со благајна ја злоупотребил службената положба на начин што без да добие налог за уплата и исплата од клиентот сопственик на штедна книшка во текот на 2015 година и на 2016 година во повеќе наврати вршел послужување – повлекување парични средства од штедната книшка и нивно враќање по извесен временски период.
На 5 април годинава, на ист начин без да добие налог од имателот на сметката, пријавениот повлекол 571.000 денари, а кога на 7 април оштетениот-сопственик на штедната книшка отишол во експозитурата со намера да изврши повлекување на паричните средства, бил известен дека нема парични средства, иако тоа не било евидентирано во штедната книшка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.