| четврток, 6 декември 2018 |

Се враќале од викенд: Го здробиле возилото кај Смоквица (ФОТО)

Неготинчанец е повреден во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Гевгелија – Демир Капија, во близина на клучката за селото Смоквица. Шеесет и тригодишниот С.Н. од Неготино, со автомобил марка „хјундаи“ се забил во заштитната ограда покрај патот.

Во незгодата најтешко повреден бил сопатникот К.Ѓ., кој со возило на Брзата помош е пренесен во болницата во Гевгелија.

До несреќата дошло поради неприспособена брзина на условите на патот и непочитување на патната сигнализација, по што автомобилот, кој го управувал неготинецот, кој со сопругата Д.Н. (58) и со пријателите С.Ѓ. (54 ) и К. Ѓ. (57), сите од Неготино, се враќале од викенд дома, удрил во заштитниот браник, кој се забил во автомобилот од неговата десна страна и го пробил моторот сè до предните седишта на возилото.

Фото: Неготино инфо

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top