| четврток, 6 декември 2018 |

Кинески пратеници купувале гласови

Кинескиот парламент отстрани 45 пратеници од североисточната провинција Лиаонинг поради изборни измами, јави ДПА.

Одлуката покажува дека Кинеската комунистичка партија пројавува нулта толеранција кон поткупувањето и купувањето гласови, се вели во редакциската статија на весникот на партијата, „Пиплс дејли“.

Постојниот Комитет на Секинеското собрание на народните претставници се собра вчера на специјална седница и гласаше за отстранување на 45 пратеници, избрани во провинциското Собрание, поради купување гласови и поткупи за време на изборите во 2013 година.

Кинеската државна телевизија јави дека „ова е случај без преседан во историјата на Кинеската Народна Република, која е формирана во 1949 година“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top