| четврток, 6 декември 2018 |

Ле Пен: Ако победам ќе организирам референдум за излез на Франција од ЕУ

le-pen

­ Претседателката на екстремно десничарската француска партија Национален фронт, Марин Ле Пен денеска истакна дека е подготвена да организира референдум за излез на Франција од ЕУ, доколку победи на претседателските избори следната година.

– Референдумот е најдобро средство согласно демократските норми. Во текот на претходните четири години зборував дека планирам да организирам референдум, на кој Французите ќе можат да се изјаснат за излез на земјата од ЕУ, изјави Ле Пен во Европскиот парламент.

Таа упати критика за говорот на претседателот на Европската комисија, Жан­-Клод Јункер, кој претходно денеска нагласи дека иднината на Унијата не е загрозена со Брегзит, додавајќи дека дури и по референдумот во Велика Британија, ЕУ го дава истиот одговор на сериозните прашања дека и е потребна поголема европска интеграција.

– Некои народи имаат право на слобода. Дозволете им да имаа можност да соработуваат на ниво на кое сакаат. Подобро отколку со Брисел. Треба конечно да станете демократи и да им дозволите на луѓето сами да ја дефинираат својата судбина, истакна Ле Пен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top