СВР Тетово поднесе кривична пријава за Х.К. (21) поради поттикнување и изнуда.
Во периодот од 1 септември до крајот на декември минатата година, пријавениот го поттикнал, а потоа и му се заканил на седумнаесетгодишно момче од с. Вешала да краде од сопствениот дом или во спротивно физички ќе биде нападнат.
Потоа малолетникот во неколку наврати од домот одзел 200 швајцарски франци, 180 евра, златен накит и две моторни пили, кои му ги дал на пријавениот, причинувајќи штета од 4.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.