| четврток, 6 декември 2018 |

Братучеди се степале поради парикиран автомобил

tepacka1-7-

Вчера во 21.10 часот во Полициското одделение – Матејче, Л.Р. (28) од кумановското село Липково, телефонски пријавила дека околу 20.40 часот во село Липково нејзиниот сопруг И.Р. (28) бил физички нападнат од страна на неговите братучеди Х.Р. (26) и М.Р. (20) исто така од село Липково.

Тие го нападнале нивниот братучед поради неговото возило кое честопати го паркирал на улица, пред влезот во дворот на нивната куќа. По овластување на Јавен обвинител, ОКТУПА при СВР Куманово извршила увид на местото на настанот.

На И.Р. му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Куманово, каде му била констатирана телесна повреда во пределот на главата. На 14.09.2016 година во 01.30 часот Х.Р. и М.Р. се приведени и задржани во СВР Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top