| четврток, 6 декември 2018 |

Поплава во МРТВ, прекин на струја, пукнати ѕидови, покриви – дел од штетите во серијата земјотреси

Во серијата земјотреси кои се случија на подрачјето на Скопје во неделата на 11 септември, во Единицата за известување и команда при СВР Скопје пријавено е следното:

На подрачјето на Центар: паднати кабли од бандера врз куќа, пукнати цевки од топлификација и поплавени простории во МРТВ, прекин на електрична енергија во ПСОН Центар, оштетени две патнички моторни возила.

На подрачје на Бит Пазар: оштетени две патнички моторни возила, пукнати sидови и плафони во куќа, оштетен кров и таван од куќа.

На подрачје на Драчево целосно срушен кров од куќа, а во Чаир опожарена куќа.

На подрачје на Аеродром поплавени простории од пукнати цевки за парно греење во три стана.

На подрачјето на Кисела Вода, за време на земјотресот, од кров паднале неколку керамиди при што, при излегување од дома едно женско лице било повредено во глава, рамо и нога. Истото, од страна на семејството било однесено во ГОБ „Наум Охридски“ каде бил извршен лекарски преглед и каде биле констатирани телесни повреди по што лицето било пуштено на домашно лекување.

Истиот ден, во периодот од 18.00  до 19.00 часот, преставник од СВР  Скопје (Единицата за известување и команда) присуствуваше на состанок со Градоначалникот на Град Скопје и Кризниот штаб, при што, согласно ситуацијата, не е побарано дополнително или засилено присуство на полицијата на терен, со исклучок на превентивно обезбедување (со редовна смена) на влезовите од медицинските установи-ургентни центри за непречено донесување на евентуално повредени лица.

Како последица на земјотресите, утврдено е дека има оштетувања и на службени простории кои се во состав на СВР Скопје и тоа: во објекти на ПС ОН  Бит Пазар,  ПС за БПС, ПС Карпош, ПО Арачиново,  објектот каде се сместени комисиите на ОУСН и ЕПОИ АЛФА и просториите во МРТВ каде е сместена ЕКРА.

За констатираните оштетувања се изготвуваат службени белешки и ќе бидат пријавени на телефонскиот број 195.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top