Раководството на бундеслигашот Борусија Менхенгладбах изрази разочарување од односот на Манчестер сити, околу организацијата на одложениот меч од Лигата на шампионите. Поради невреме и силен дожд, натпреварот што требаше синоќа да се игра на „Етихад“ е одложен, а УЕФА донесе одлука да се одигра вечерва, со почеток во 20.45 часот. Но, Германците велат дека побарале од домаќинот Манчестер сити да им излезе во пресрет и натпреварот да биде закажан во термин неколку часа порано. Сепак, „граѓаните“ тоа го одбиле.
– Побаравме од УЕФА и од Манчестер сити, терминот на одигрување да биде 18 часот, за потоа да имаме време да одлетаме за Германија и тимот да има одмор до важниот меч од Бундес-лигата што го имаме претстојниот викенд. Но, од Манчестер сити ни одговорија дека не се во можност побрзо да ги организираат сите работи околу редарската служба. Секако, не можеме да поверуваме во тоа – изјави портпаролот на Борусија Менхенгладбах, Маркус Арец.
Во Англија синоќа беа пристигнати и околу 2000 навивачи на германскиот тим, но таа бројка се очекува да биде значително помала за вечерашниот дуел, со оглед дека дел од нив се вратија во земјата по одлуката мечот да биде одложен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.