Во победата на Барселона над Селтик со фантастични 7-0 најдобриот фудбалер на Каталонците Лионел Меси постигна три гола и е сопственик на нов рекорд. Со тоа постави и нов рекорд во ЛШ, за најмногу хет – трикови во досегашната историја на најквалитетното европско клупско натпреварување. Меси стигна до шестиот хет – трик во ЛШ, надминувајќи го Кристијано Роналдо, кој тоа го сторил досега пет пати.
Арсенал, Викторија Плзен, Баер Леверкузен, Ајакс, Апоел Никозија и сега Селтик се екипите на кои Меси му даде хет-трик. Роналдо е најдобар стрелец во историјата на европските купови, а малку зад него заостанува Меси.
По нив, следуваат тројца фудбалери кои можат да се пофалат дека имаат постигнато по три хет – трика, Луиз Адријано, Марио Гомез и Филипо Инзаги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.