Филип Велиќковиќ (92) од село Гараши кај Аранѓеловиќ настрада кога врз него падна капакот од контејнерот за ѓубре и го усмртил. Старецот кој барал леб и останата храна се здобил со тешки повреди и починал на лице место.
Несреќата се случила вчера околу 11 часот кај главната автобуска станица во Аранѓеловиќ пред стотина минувачи.
Според изјавите на сведоците, додека Филип барал остатоци од леб, капакот од контејнерот кој бил тежок десетина килограми паднал врз него. Еден од очевидците кој претрчал да му помогне вели дека бил жив кога стигнала Итната помош.
– Претрчавме да му помогнеме на старецот на кого главата му беше крвава. Се уште даваше знаци, лекарите многу брзо дојдоа, но несреќникот веднаш почина, раскажал еден од очевидците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.