Ако 63,3 милиони лица кои се во моментов раселени од нивните домови би имале посебна земја, тоа би било држава со најмлади жители и со најбрз раст на популација, соопшти хуманитарната организација „Сејв д чилдрен“.
Наведено е дека ако раселените луѓе низ светот би претставувале една нација, тоа би била 21. држава на листата на најнаселени земји. Во извештајот под наслов „Принудени да бегаат - 21. нација по големина“, организацијата ги претстави проблемите со кои се соочуваат раселените лица како и нивните потенцијали.
Претседателката на организацијата за заштита на децата, Каролин Мајлис, изјави дека „раселените треба да се замислат како жители на една држава, како рамноправни членови на глобалното општество и да се обрати внимание на проблемите со кои се соочуваат“.
Извештајот е објавени непосредно пред седницата на Генералното собрание при ОН закажана за следната недела, со прашањата за раселените лица, на врвот на дневниот ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.